Викториините водопади, (локално познати под името Mosi-oa-Tunya, маглата која грми) се водопади лоцирани во Јужниот дел на Африка на реката Замбези помеѓу државите Замбија и Зимбабве). Реката паѓа од височина 108 метри по целата своја широчина од повеќе од 1,5 километри.

Викториините водопади не се ниту највисоките ниту најшироките водопади на планетата, но затоа се најголемите. Овој факт се базира на податокот дека со својата широчина од 1.708 метри и височина од 108 метри ја формираат нејголемата паѓачка водена завеса во светот. Викториините водопади се едно од седумте природни Светски чуда.Водопадите се околу двапати повисоки од Нијагарините водопади и повеќе од двојно пошироки од Водопадите Хорсшу.Падот на водата е толку голем што водената магла се издигнува на повеќе од 400 метра, понекогаш и до 800 метра. На работ на водопадите маглата што се издигнува наликува на дожд кој паѓа наопаку кој е видлив и на растојаните до 50 километри.

Кога првиот европеец, познат шкотски истражувач и мисионер Дејвид Ливингстон ги открил водопадите изјавил: ,,... Ова ниеден Европеец го нема видено досега , но толку живописни слики сигурно се пред очите на ангелите кои летаат... Тој водопадите ги крстил Викториини во чест на кралицата Викторија.

На полна месечина, се гледа месечев лак наместо вообичаено виножито кое може да се види преку ден. Во сезоната на поплави, подножјето и поголем дел од водопадите се невидливи, бидејќи областа околу нив е обвиткан со густа магла.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 06:30