На прошетка ќе сретнете момче и девојка. Момчето облечено само во елек, додека девојката со крзнена јакна на себе.

Или пак сте во канцеларија, колешката тресејќи се, ги вкучува сите греалки, додека машките соработници соблекуваат еден по еден слој од нивната облека. Како што се испоставува, постојат вистински, научни истражувања зошто е тоа така.

1. Жените имаат повисока телесна температура од мажите

Ова се чини контрадикторно. Една студија, спроведена од страна на Универзитетот во Мериленд, откриле дека како што температурата на телото се разликува од човек до човек, од ден на ден, телесната температура кај жените е постојано повисока во однос кај мажите. Тоа значи дека треба да им биде потопло, нели? Но, кога телото е во функција да топли, студениот воздух го чуствува уште постуден.

2. Жените кои користат таблети за контрацепција имаат повисока телесна температура

Горенаведеното оди двојно,ако жената користи хормонска контрацепција. Хормоните влијаат на телесната температура, и покрај тоа што не може да се забележи. Па поради тоа, жените се се повеќе чувствителни на студ.

3. Жените имаат постудени екстремитети од мажите

Многу често ќе слушнете од жените: “Рацете и нозете ми замрзнаа”. Ова е навистина точно. Според една студија објавена во Велика Британија, рацете и нозете на жените се постудени отколку на мажите со неколку степени.

4. Жените имаат побавен метаболизам од мажите

Според една статија објавена во весник за применета физиологија, мажите имаат метаболичка стапка од околу 23 отсто повисока отколку жените. Колку е побрз метаболизамот, толку повеќе ќе го загрее телото. Значи женските тела се постудени отколку машките, бидејќи женскиот метаболизмам е побавен.

5. Поставувањето на температурата се утврдуваат врз основа машките метаболички стапки

Според истражувањето објавено во списанието Nature,на повеќето работни места термостатите се поставени врз основа на модел развиен во 1960 година, кои се создавани само во метаболички машки стапки (веројатно затоа што во тоа време немало многу вработени жени)



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 06:31