Никогаш не престанувајте да барате нова и подобра работа

Луѓето кои имаат успешни кариери секогаш се распрашуваат за нови успешни претпријатија во сопственото окружување. Откако еднаш ќе се вработат, тие не се опуштаат и не престануваат да бараат нови можности за напредување

Американската статистика покажува дека вработените во просек годишно добиваат зголемување на платата од 4,2%. Оние кои имаат храброст да ја променат работата, добиваат поголемо зголемување, во просек од 12,8%. Американскиот консултант за работно право Силвија Хо, веќе подолго време ја анализира оваа проблематика. Таа дава примери како работат луѓето кои добро заработуваат и напредуваат во кариерата.

Промената на работното место е дел од напредокот во кариерата

Верноста кон компанијата за време од 10 или 20 години не го поддржува начинот за градење на кариерата. Тоа размислување се смета за застарено и пазарно неприфатливо. Секој вработен е свесен дека компанијата ќе го отпушти ако има потреба од тоа, па многу не размислува кога треба да се одлучи да ја промени деловната единица или претпријатието во целост.

Вработените се секогаш во потрага по нова работа

Луѓето кои успеваат и градат кариера, секогаш се распрашуваат за нови успешни претпријатија и за најновите успешни индустрии во сопственото окружување. Откако еднаш ќе се вработат, не се опуштаат и не престануваат да бараат нови можности. Тие постојано се информираат за состојбата на пазарот на труд. Но, истовремено, даваат се од себе за компанијата во која работат, иако планираат наскоро да заминат од истата.

Заминуваат додека се на врвот

Вработените знаат дека нивната вредност на пазарот е најголема кога се наоѓаат на врвот, а најмала кога ќе се прочуе дека имале расправија со шефот или дека компанијата пропаѓа. Оние кои сакаат да напредуваат знаат дека од работното место треба да заминат тогаш кога им е најдобро.

Знаат да се промовираат себе си

Размислуваат за себе на начин на кој и компаниите размислуваат за сопствените производи. Се прашуваат што треба да направат за да ги презентираат своите вештини и способности подобро и да завземат што подобро место на пазарот на труд. Не чекаат пазарот да се сети на нив, туку тие самите се наметнуваат и го освојуваат.

Имаат своја деловна стратегија

Успешните луѓе најпрво го истражуваат пазарот на труд, а потоа договараат интервју во некоја реномирана компанија и тоа за позиција која ги интересира. Се претставуваат на неконвенционален начин и покажуваат што се можат да направат за новата компанија и како. Така се диференцираат од останатите кандидати и успеваат да ги добијат најдобро платените работни места.

Се што работат – работат со страст

При преминот во друга компанија, кандидатите кои планираат голем напредок во кариерата, се претставуваат себе си како луѓе кои се работат со страст. Ги земаат со себе сите дипломи и пофалници. Прашањата за плата и бенефициите што компанијата треба да ги обезбеди за нив, ги оставаат за крајот на разговорот. Тоа е така бидејќи тие и онака искажуваат желба за подобра и поперспективна работа, а не за плата. Или барем така се прикажуваат пред останатиот свет.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 06:33