Почна поставувањето на гранитни плочи на малиот градски плоштад во Куманово. Од одделението за комунални дејности денеска соопштија дека работата се одвива согласно предвидената динамика. Предвидено е на малиот плоштад да се смени подлогата, да се замени урбаната опрема канделабри, клупи, жардиниери, осветлување, а акцент ќе се стави на спомениците.
Ова е прва фаза од уредувањето на плоштадот. Според секторот за урбанизам, улицата која ги двои двата плоштада и која во моментов се користи за сообраќај ќе се менува, ќе биде поставена подлога за да има целина со зоната на малиот плоштад. Во иднина возачите ќе ги оставаат возилата на катната гаража и кај „скопски дуќани“.
Според електронскиот систем за јавни набавки општината од буџетот за реконструкција на плоштадот одвои 47.599.999,94 денари и избрана е скопската компанија „Ленди Груп ДООЕЛ“.
Општина Куманово постави нова урбана опрема во Соколански парк, соопштија денеска надлежните. Уредувањето на паркот се споредува во фази. Поставена е фонтаната и дел од патеките наменети за пешаци.
За реконструкцијата на Соколанскиот парк и паркинг со спортско игралиште во комплекс на Соколана, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, општината од буџетот одвои речиси 13 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност. Според планираното, во следните фази од реконструкцијата се планира изградба на изградба на детско катче, реквизити за рекреација, паркинг простор и партерно уредување околу објектот. Двата проекта почнаа да се реализираат од пред неколку месеци