Постојат работи за кои што мислите дека ги знаете, и одеднаш ќе сватите дека ви се нејасни.
“Паметните” да ги потсетиме на одговорите, а оние кои не се осудиле да се запрашаат, широкоградо им ги поклонуваме одговорите. Само трезно, станува збор за нешто што е поголемо од игла, а помало од локомотива.
Колку трае памтењето на златната рипка?
Многу веруваат дека златната рипка не може да се пофали со некоја посебна меморија за памтење. Нејзиното памтење наводно не трае повеќе од три секунди, но доколку секој ден пред да ја храниме и тропкаме на аквариумот, ќе сватиме дека таа уствари памти многу убаво кога е време за јадење.
Како penthouse го доби своето име?
Кога некој живее во најголем стан и тоа на последниот кат, претпоставуваме дека најмногу постигнал. Но тоа што е на врвот, не значи дека почнал од дното. Ако копаме малку подлабоко, ќе дојдеме до сознание дека Penthouse, или стан за елита на врвот од зградата доаѓа од зборот pentis или нешто што виси на врвот, или со нешто.
Не следите? Едноставно, pentis означува врв со покрив над него, сместен меѓу ѕидови или зграда. Не се знае точниот датум кога од дното се искачил на врвот, или пак кога ќе се качи на врвот на светот.
Зошто штркот го симболизира раѓањето?
Долго сме живееле со верувањето дека нас на свет не донесе големата птица. Или многу повеќе можеме да ги збуниме нашите родители доколку ги прашаме, зошто токму штрк, зошто не кондор?
Во стариот Египет, штркот ја симболизирал душата, неретко се спомнува во Библијата и стедновековните бестселери, Кинезите по легендата штркот ги одвоил од рајот, а денеска е симбол на богатство и среќа и каков таков многу лесно го споредуваме со раѓањето.
Зошто мелодијата толку долго останува во увото
Зошто Макарена, или останатите комерцијални песни можат цел ден да ни зујат во глава? Освен мислењето дека подобро памтиме кога една иста работа ќе ни се повтори повеќе пати, причината е во нашиот когнутивен склоп. Професорот James Kellaris, го наредкува когнутивен систем, и тоа всушност треба да значи дека ќе слушаме се додека не ни се здосади.
Кога жените почнале да ги бричат нозете
Некогаш се поставува прашањето, на жалост или среќа, зошто влакната на нозете не престанат да растат засекогаш. Почетокот на модниот бизнис со мајчки без ракави во 1915 година, ги натера сите жени да се ибричат под мишките, а бричењето на нозете беше нешто покасно. Полуголите жени на филмските платна и рекламните спотови од 60-тите наликуваат на човеколики мајмун, а денеска животот на жената без депилација едноставно не може да се замисли.
Кој ќе биде новиот Далај-лама?
Поима немаме, но знаеме дека, додека Tenzin Gyasto, тибетски водач, не го напушти светот, потенцијалниот кандидат мора да причека уште малку на ред. Не се знае кој ќе биде реинкарнација на својот претходник, но најдобриот секогаш победува. Доколку мислите дека тоа сте вие, можеби и ви се насмеала среќата.
Како кипот на Американската филмска академија го доби прекарот Оскар?
За проектот на најмоќната фигурка во Холивуд, зборуваат две теории. По некои докази, поетесата Маргарет Херик, покасно извршна директорка на академијата, има најмногу заслуги. Наводно славната фигурка ја потсетувал на нејзиниот вујко кој се викал Оскар, иако академијата тоа не го подржува како службена приказна.
Втората приказна е поврзана со славната Бети Дејвис. Некои велат дека токму таа му го дала името во чест на првиот сопруг Хармон Оскар Нелсон. Доколку тоа е вистина, не веруваме дека оваа глумица била свесна за идната популарност на оваа фигурка која ќе послужи како инспирација за “срце-парајучи” говори и зголемување на буџетот кај богатите и славните.
Кој ја напишал песната “Happy birthday to you”
Роденденската забава не може да биде без свеќа, мамината торта и оваа пригодна песна. Мелодијата е брза, а зборовите се безболни. Сепак, се прашувате ли некогаш, кој би можел да биде авторот на роденденска химна?
За првобитното потпевање на оваа песна говорат сестрите Patty и Mildren Hill, наставнички од 19 век, кои ја користеле мелодијата како песна за добредојде. И додека овие пионерки внесувале радост во школските клупи со оваа песна, потеклото на стиховите до ден денес се голема тајна. Која иронија, не знаеме кој е автор на овој голем мегахит кој сите знаеме да го пееме.
Кога за прв пат се појавила комедијата на телевизија?
Смеењето постои од кога постои светот. Hank McCune Show од 1950 година бил првиот проект кои се користел да се поттикне смеење кај гледачите. Комедијата од секогаш била експиримент во театарот и на филмската публика, а без “хеј човече”, слободно можеш да се насмееш и никој нема да знае како ќе реагираат на сцена во која човек паѓа по скали. Дали луѓето заборавила да се смејат, па треба да ги потсетиме...