На секои две години, Светскиот економски форум објавува листа на дестинации каде што туризмот е најразвиен, а туристите ќе имаат незаборавен одмор.
Нивното рангирање се прави на основа на сите параметри што може да ја направат дестинацијата одлична за туризам, вклучувајќи и безбедност, инфраструктура, здравство, хигиена и природни убавини.
Според нивниот индекс на туристичка компетитивност, Шпанија е идеална дестинација за сите оние кои сакаат незаборавни патувања. Оваа европска држава е комбинација од културни и природни квалитети, а истовремено е и лесно достапна со повеќе превозни средства, што значи дека има и одлична туристичка инфраструктура.
Во поглед на безбедноста, ситуацијата не е најсовршена, но Шпанците се трудат во секој поглед да го подобрат и тој аспект.
Дестинациите од Северна Америка рангираат со добри индекси на грижа за околината и инфраструктурата. Франција, Германија, Јапонија и Велика Британија се веднаш по Шпанија, во првите топ-пет дестинации. Најголем напредок е забележан кај Мексико и Индија и тоа Мексико благодарение на природните убавини, а Индија на културолошките.