Иако е прекрасно да ги поминувате специјалните патувања и нови искуства со пријателите, партнерот или семејството, сепак патувањето сами е задолжително од време на време. Соло патувањето е возможно за секого, без разлика на тоа дали сте сингл, во врска, екстровертен или интровертен тип, и овие се 9те причини зошто треба да го пробате.

1. Едноставна логистика

Планирањето патување надвор од работа со некоја зафатена личност во вашиот живот може да е предизвик, но уште потешко е кога правите планови во група. Обично овие предизвици можат да се надминат со претходно планирање, но ако сте во ситуација во која што немате време и не можете да најдете партнер за патување, можете да пробате да ги спакувате вашите куфери и да заминете сами.

2. Поработете на вашата “листа на желби”

Постои ли нешто кое што очајно сакате да го направите, но никој не сака да дојде со вас? Можеби посакувате да летате со падобран над Големиот Кањон, да ги видите античките урнатини на Маите, или едноставно да пробате јастог. Во ред е доколку вашиот партнер и пријатели не ги делат истите соништа со вас, но не е во ред ако вие ги жртвувате вашите соништа, особено кога се што треба да направите е да идете таму.

3. Вие сте си одлично друштво самите на себе

Ако ретко го поминувате времето сами, може да се изненадите од тоа колку пријатно може да е. Кога последен пат навистина ги слушнавте вашите мисли и се забавувавте од вашите соништа? Зависно од дестинацијата, соло патувањето може да биде моќно, интроспективно искуство кое што може да ви го промени животот. Замислете како седите на мирната плажа на зајдисонце или како имате освежително утро без да морате да разговарате со никого.

4. Да запознаете нови луѓе

Ако сте роден екстроверт, патувањето сам може да биде одличен начин да ги запознаете локалните жители и да најдете нови пријатели. Често, луѓето што се сами изгледаат повеќе привлечно и пристапно за другите. Пред да сфатите, ќе се најдете во ситуација во која што муабетите со некои интересни луѓе на кафе или ќе се здружите со истомисленици на часот по јога на плажа. Клучот е да бидете отворени, но и претпазливи, особено во туѓа земја.

5. Правете го само тоа што сакате да го правите

Сте се колебале ли некогаш да поминете половина од денот во спа центарот, но поради тоа што вашиот партнер не сакал да остане, сте се откажале и сте се вратиле со него? Кога патувате сами, не се обврзани да забавувате никого. Ако сакате да го поминете целиот ден седејќи во бар и пиејќи мохито, наместо на излет, нема да морате да се оправдувате на никого.

6. Ве прави попаметни

Ако патувањата ве прават подобра и попаметна личност, тогаш соло патувањето ќе ве направи уште подобра и попаметна личност. Сите вие што се чувствувате неудобно кога седите сами во ресторан за појадок, соло патувањето може да ви изгледа застрашувачки. Откако ке превземете иницијатива и ќе ги надминете вашите стравови, ќе почувствувате еманципација. Успешното соло патување може да ве инспирира да се справите со многу повеќе работи во животот за кои што ви било страв да се обидете.

7. Подобра услуга

Поради некоја причина, услугата во хотелите и рестораните изгледа подобра кога патувате сами. Луѓето имаат тенденција да им се восхитуваат на тие што патуваат сами, а доколку се погрижите да го дознаат тоа сигурно ќе уживате во гратис коктел или некој десерт “на сметка на куќата”.

8. Отсуството ни прави да сакаме повеќе

Не ви препорачуваме да го поминете секој одмор без вашиот партнер, но понекогаш тоа може да биде вистинско освежување за вас. Кога ќе воспоставите преседан во вашата врска дека е во ред секој да си ги остварува индивидуалните интереси, довербата се зголемува. Доаѓањето дома кај вашиот партнер после соло патувањето е добар начин на потсетување за тоа зошто си се допаѓате еден на друг. Како бонус на сево ова може да биде одењето со вашиот партнер на местото кое што ви станало омилено кога сте патувале сами.

9. Нема драми

Понекогаш кога сте сингл чекате да најдете партнер па да испланирате патување, и овие патувања можат или да ја ослабнат или зацврстат вашата врска. Ако работите не се одвиваат добро, целото патување ќе биде несреќно, исполнето со драма и ќе сакате да го заборавите. Кога ќе станете добар во соло патувањето, можете да престанете да чекате “некого” за да ве дружи на патувањето. Наместо тоа можете да патувате сами се додека не најдете некого кој што навистина би бил вреден и би ви помогнал да направите нови и брилијантни сеќавања.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2024 05:41