Торино е стилски град, покомпактен од Милано, со барокни палати, пространи галерии и широки булевари.
Торино е право место за уживање и вистински одмор. Улиците се исти, а целиот центар на градот можете да го прошетате без возило.
Кафулиња
Градот има многу раскошни историски кафулиња, слични на оние во Виена. Торино е град познат по своите топли чоколада. Кафулето Муласано е измислено во 1926 година.
Слаткарници
Гелато е основана во 1884 година. Уште на почетокот имале многу успех. Тие го решиле проблемот со премачкување на џоколадото за да го излади и првиот сладолед кој што бил пуштен во продажба во 1939 година. Сеуште ги има во продажба денес, во пет различни вкусови.
Пазари
Пазарот Piazza della Republica има преку 800 тезги. Тоа е еден од најголемите пазари на отворено во Европа. Работи од понеделник до сабота. Исто така постојат и три пазарни хали, за риба, месо, сирење, леб и пазарот наа земјоделците со околу 100 тезги каде што продаваат свежа храна.
Музеј за автомобили
Во близина на Националниот музеј, се наоѓа музејот за возила дури од 1932 година. Бил реновиран во 2011 година, поставен е на три ката. Патување низ историјата на автомобилите, од најраните модели на автомобили во историјата.
Palazzo Reale (Палата Реале)
Богато опремени соби, го покажуваат луксузниот живот низ историјата од Домот на Савој.
Египетски музеј
Египетскиот музеј има најголема колекција на египетски артефакти надвор од Каиро. Музејот има три спрата каде што се изложени над шест илјади предмети. Кралот Чарлс Емануел III започнал собирање на предмети од 1753 година, а кралот Карло Феличе е основач на сегашниот музеј од 7-ти век.
Музеј на киното
Музејот е изграден во 19-ти век. Сега има повеќе пд 7,000 филмови во библиотеката, збирка од 150,000 постери од разни делови од историјата на киното.
ФИАТ фабрика
Во предградието на Лингото е поранешната фабрика на Фиат. Има мала галерија од приватната колекција на Фиат основачите, семејството Ањели.На покривот има тест патеки да ги испробате автомобилите.