Во Музејот на македонската борба вечер ќе биде затворен шестиот Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест Скопје 2024“, со концерт на музичари од Соединетите Американски Држави и од Полска.

-Публиката ќе има уникатна можност да ужива во изведбата на класични дела, како и фламенго музика во изведба на Барбара Борович - кларинет (Полска), Дуото ЖАКА од САД, во состав Весли Фереира – кларинет и Џексон Вилиамс - гитара, и нашата пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска, соопшти Здружението за култура и уметност „Артистико“-Скопје, организатор на фестивалот.

Почетокот на концертот е во 20 часот, влезот за посетителите е бесплатен.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2024 15:05