Денешната кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката професор д-р Гордана Силјановска Давкова заврши со митинг во Кочани.

Во својот говор Професорката Силјановска Давкова потцрта:

Време е за четврти Илинден и за четврта македонска република

Она што особено ме вознемирува деновиве е свеста дека ќе славиме 80 години од АСНОМ, вториот Илинден. Гордоста како во химната сме ја заслужувале и зајакнувале со битката за правдините. Така беше со Крушевската Република, со партизаните и АСНОМ, така беше и во 1991 година. Мислам дека е време за четврт Илинден, за четврта Македонска Република. Република од народот и за народот. Република со стандарди во сите области со стручна и компетентна администрација. Македонија каде на вистински места да дојдат најдобрите и најумните а не да заминуваат. Пристојна, досадна држава. Само така ќе не почитуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2024 02:10