Со подигање на знамето на Ромската заедница и интонирање на химната пред зградата на Општина Штип денеска почна одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Традиционално и оваа година Општина Штип додели вредносни ваучери на најдобрите ученици од Ромската заедница.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изјави дека Ромската заедница не смее да биде дискриминирана бидејќи се дел од нашето општество.

-Традиционално и оваа година доделивме вредносни ваучери на најдобрите ученици од Ромската заедница кои се дел од образованиот процес, надоградувајќи се и учејќи, докажувајќи се тие придонесуваат за нашето општество, а се надевам дека и по завршување на образовниот процес ќе продолжат по овој пат. Ромската заедница не смее и не треба да биде дискриминирана затоа што тие се дел од нашето општество, од нашето секојдневие, рече Јорданов.

Од Ромските здруженија истакнаа дека прироритет е да се намали јазот во заедницата, да се градат нови политики и да се реалзираат прокети, со што 8 Април ќе продолжи да се одбележува и во наредните години.

Според Хавина Шакирова, доделувањето на ваучарите за најдобрите ученици е поттик за секој млад човек.

- Ова е поттик за младите да продолжат да се образуваат и да оставаруваат резултати и во иднина. Велат дека на ваков начин се мотивираат дополнително, рече Шакирова.

Ерол Адемов вработен во Општина Штип рече дека треба да се реши проблемот на лицата Роми, бездомници кои моментално живеат во старото Нервно одделение и тоа е еден од најголемите приоритет на надлежните. Во тековната 2024 година се очекува реализирање на прокетот за изградба на 41 типска куќа, со што лицата сместени во старото Нервно одделение ќе добијат соодветни услови за живот и сигурен кров над глава.

-Еден од најголемите проблеми со кои работиме веќе со децении тоа е проблемот со нашите граѓани кои се бездомници и верувам дека оваа година ова прашање ќе можеме да го решиме. Со проектот кој го имаме заедно со нашата општина, Општина Берово и Зелен институт за сите лица кои живеат во старото Нервно одделение оваа година да успееме да го реализираме овој проект со цел да се изградат 41 типска куќа за овие семејства и трајно да се реши овој проблем, вели Адемов.

Освен решавање на станбеното прашање, се работи на урбанизирање на Ромските населби, нова водоводна и канализациона мрежа, како и дополнително образование на овие лица со цел да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2024 14:29