- Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook објава извести за катастрофалните политики на СДСМ во делот на сточарството.
Трипуновски направи споредба помеѓу 2016 и 2023 година за бројот на молзни крави и за производството на кравјо млеко во Република Македонија. Бројките се катастрофални и се само дополнителен доказ за негрижата на СДСМ за македонските сточари.
Во прилог ви ја пренесуваме целосната facebook објава на Трипуновски:
Стоп на катастрофалните политики на СДС во сточарството
Еве како СДС го уништува млекопроизводството во Македонија
Бројот на молзни крави во 2023 година е намален за 53 илјади грла или изразено во проценти има пад од 40,3% во споредба со бројот на грла во 2016 - Извор: ДЗС
Производството на кравјо млеко во 2023 година е намалено за 165 милиони литри или изразено во проценти има пад од 40,9% во споредба со производството во 2016 - Извор: ДЗС
Сточарството изумира како земјоделска гранка во Република Македонија