Полицијата вчера во 00.20 часот и во 13.00 часот во гостиварски Добридол ги лишиле од слобода Ј.М.(19) и И.Ф.(32) од истото село.

Како што соопшти МВР, лицата се сомничат дека на 2 април 2024 година во село Добридол извршиле кривично дело „тешка кражба“ во куќа.

Во полициска станица со Ј.М. и со И.Ф. бил извршен службен разговор, при што го признале делото.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2024 14:38