Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Охрид во Библиотеката „Григор Прличев“ на промоцијата на проектот „Книгата поблиску до старите лица“, рече дека Министерството за култура инвестира во проекти што ја прават културата достапна за сите.

-Охридската библиотека како институција на културата има исклучително значење за културниот развој на охриѓани. Затоа вложуваме во библиотечната дејност, во чии рамки за Охридската библиотека, за реализација на годишната програма, обезбедивме над милион денари, што е околу десет проценти од вкупниот буџет, рече министерката за култура.

Според неа, Министерството за култура континуирано поддржува проeкти за подобрување на условите за работа и за развој на библиотечната дејност во Охрид, додавајќи дека оваа дејност има посебно значење за задоволување на потребите на постарите лица.

-Инвестираме во културата за да ја направиме полесно достапна за граѓаните. Се грижиме охриѓани да имаат вредна и шаренолика културна програма за сите генерации, рече Костадиновска-Стојчевска на промоцијата на проектот на Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид и волонтерите на Црвениот крст, кои во континуитет ќе се грижат за приближување на книгата до домот на секој корисник што ја сака литературата.

Во рамки на посетата на библиотеката „Григор Прличев“ министерката за култура со тековните активности како и со актуелните предизвици со кои се соочува националната установа. Во знак на благодарност за поддршката на проектот Светски патувачки поетски фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“, на министерката за култура ѝ беше врачена статуетата „Михаи Еминеску“, што ѝ ја додели Европската фондација и меѓународна академија „Михаи Еминеску“ од Крајова, Романија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2024 16:24