На 06.04.2024 во 22.15 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, при што кај еден од нив бил пронајден и одземен нож.

Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела на подрачјето на Центар. Се сомничат дека 05.04.2024 околу 22.00 часот во Градски трговски центар физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден околу 22.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнале друг малолетник од Скопје.

Исто така, тие се сомничат дека на 06.04.2024 околу 20.00 часот во Градски трговски центар физички ги нападнале Л.Т.(20) и 19 – годишната С.А., двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2024 05:15