На 07.04.2024 во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ѓ.И.(28) од Република Србија.

По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци и ФК „Брера“ од Струмица, одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, Ѓ.И. - играч на ФК „Брера“, физички го нападнал Д.К.(32) од Прилеп - играч на ГФК „Тиквеш“.

По документирање на настанот против Ѓ.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2024 05:30