СДС пироманска да не наоѓа изговори и да прифати одговорност за пожарот на Универзална сала.

Не очекувавме од СДС дека веднаш ќе прифатат вина, сепак тоа е партијата чија влада кажа дека кабелот е крив за пожарот на модуларната болница во Тетово, каде живи луѓе изгореа и нема одговорност.

СДС лажеа дека ќе ја реновираат Универзална сала, 7 години ги лажат Скопјани.

Симболот на постземјотресно Скопје е оштетен и главна вина за тоа носи Ковачевски и Бисера Стојчевска.

Салата стои оградена како руина, нема одговори какви материјали се вградени, кој е изведувач, кој е надзор.

Што крие власта и дали всушност крие фирма блиска до врвот на СДС?

Одговорност мора да има. Промените доаѓаат. Македонија повторно ќе биде горда.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2024 18:15