Во рамки на акциската контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата вчера казни 147 возачи.

Како што информираат денеска од МВР, од нив, 13 возачи управувале со возило со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 34 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2024 23:40