ЈКП ,,Илинден” од Општина Илинден набави приклучна механизација за косење и кастрење вегетација-мулчер.

Како што информираат од локалната самоуправа, оваа механизација ќе се користи за чистење на вегетацијата околу патиштата на територија на општина Илинден, со што значително ќе се подобри безбедноста и прегледноста во сообраќајот. Исто така специјалната механизација ќе се користи и за уредување на нискостеблеста и крупна вегетација.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направил увид на терен додека се вршело косење на вегетација на неколку локации покрај патиштата на територија на Општина Илинден.Тој потенцирал дека со оваа механизација значитело ќе се подобри ефикасноста во работењето на вработените во ЈКП ,,Илинден” ,а наместо досега рачното косење на вегетацијата,сега се модернизира опремата со машинско косење.

Воедно потенцира дека со модернизирањето и обновувањето на опремата на јавните комунални претпријатија овозможуваат поефикасна, побрза и поквалитетна комунална јавна услуга за жителите, и се дава придонес Општина Илинден да биде една од најчистите општини во државата и регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2024 23:49