Предизвиците со кои се соочува енергетскиот сектор, особено компаниите, инвеститорите и корсиниците ќе бидат главна тема на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, која ќе се одри од 2 до 4 октомври годинава во Струга.

Конференцијата, како што соопшти Здружението на енергетичарите на Северна Македонија, е посветена на унапредување и проширување на знаењата за методите, политиките и технологиите за производство на електрична енергија и одржлив развој.

- Поканети се сите релевантни енергетски компании, претставници од индустријата, истражувачките центри унивезритетите и останати субјекти, како и експерти од земјава и странство да ги презентираат своите професионални постигнувања, истражувања и искуства и да споделат информации од областа на енергетиката, стои во информацијата.

Конференцијата, додаваат, претставува форум за споделување и размена на искуства и планови на регионално и глобално ниво.

- Со планираните пленарни сесии, дискусии и реферати ќе се овозможи реална платформа за идентификација на соодветните механизми и активности со цел надминување на проблемите во земјата и регионот, како и зајакнување на меѓусебната соработка, посочува Здружението.

На меѓународната конференција „Енергетика 2024“ ќе бидат опфатени повеќе тематски области, меѓу кои: „Енергетски производни капацитети“, „Преносни и дистрибуциони енегретски системи“, „Обновливи извори на енергија“, „ИТ системи и апликации во електроенергетските постројки“, „Уреди и системи за складирање енергија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 00:01