Штипскиот Народен театар вечерва на сцената ќе ја има премиерата на детската претстава „Книголандија“, најави на денешната прес-конференција директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков. Тој истакна дека целта е да се разбуди чувството кај децата за важноста на книгите, со цел повеќе да се развиваат, сонуваат, фантазираат преку еден ваков вид на претстава.

-Денес ја имаме првата премиера од оваа сезона, која што е во сопствена продукција од страна на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“- Штип и ви ја преставуваме новата детска претстава за најмладата публика. Она што е битно за оваа детска претстава е дека сакаме да го пробудиме чувството кај децата за важноста на книгите, преку една интересна театарска претстава преку интересни приказни, повеќе приказни вмешани во една целина, каде ќе се долови магијата за читањето на книгите, изјави Трајков.

Режијата на претставата е на Кристина Атанасовска, која е и актерката во Народниот театар Штип (НТШ). За костимографијата и сценографијата беа задолжени студентите од Технолошко-техничкиот факултет.

-Би сакал да се заблагодарам на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на Техничко- технолошкиот факултет за отстапените студенти под менторство на доцент Сања Ристевска, кои што работеа заеднички при изработката на костимографијата и сценографијата што овозможивме еден вид практична настава од идеја до реализација кај што креативноста на студентите заедно со нашата костимографка и сценографка Моника Гачева работеа неуморно за да ги изработат овие костми кои што можете да ги видете вечерва. Она што е важно употребени се многу интересни елементи од хартија до материјал и комбинација за да може оваа престава да изгледа интересно, вели Трајков.

Тој најави дека годинава актерите ќе имаат четири премиери, од кои две се финансирана од Програмата на министерството за култура, а две се во сопствена продукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 00:17