Без победник завршија вечерва првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони, откако Арсенал и Баерн одиграа 2-2 во Лондон, а Реал и Манчестер сити ремизираа 3-3 во Мадрид.

Стрелци за Арсенал беа Букајо Сака во 12 и Леандро Тросар во 76 минута.

Головите за Баерн ги постигнаа Серж Гнабри во 18. минута и Хари Кејн од пенал во 32. минута.

Резултатски пресврти донесе и дуелот на „Сантијаго Бернабеу“

Стрелци за Реал беа Рубен Диас во 12. Минута (автогол), Родриго во 14. минута и Федерико Валверде во 79. минута.

Головите за Манчестер сити ги постигнаа Бернардо Силва во втората, Фил Фоден во 66. минута и Јошко Гвардиол во 71. минута.

Реваншите се закажани за седум дена во Минхен и Манчестер.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 05:31