Во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, ОВР Берово, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат на 03.03.2024 била извршена акциска контрола во простории на правно лице - угостителски објект од Берово, во тек на работно време, а при преглед кај Г.Г., управител и сопственик на објектот, пронајдена е и одземена марихуана,соопштија денеска од МВР.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, против него е поднесена кривична пријава по член 215 став 2 од Кривичниот законик.

- Покрај ова, од страна на Управата за јавни приходи констатирани се непријавување на дневен промет и неиздавање на фискални сметки, додека од страна на Државниот пазарен инспекторат е констатирано пушење цигари во правниот објект, поради што изречена е соодветна санкција, се појаснува во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 05:44