Тајланд е земја која што секогаш изненадува и воодушевува. Овие генијални и често активни тури ќе ви докажат дека Тајланд е непресушно природно богатство и секогаш има нешто ново и неоткриено во Тајланд. Затоа запознајте ја оваа земја и дишете во духот на Тајланд. Ви нудиме 9 места во Тајланд, кои несомнено ќе ви го одземат здивот.

1. Прашумата и гребенот- најдоброто природно богатсво

Спојувањето со природата за време на ова деветдневно патување ќе ве тргне настрана од влагата и метежот во Банког и вие длабоко ќе нурнете во длабочините на вистинската џунгла во националниот парк Као Сок и во прекрасните гребени на Ко Тао. Организирано е од туристичката агенција Бафало Турс (Buffalo Tours) и датите се во договор со клиентите, има понуди за цела 2017 година. Патувањето трае девет дена и чини околу 844 фунти, каде што не се вклучени авионските трошоци.

2. Вистинските стари навики и обичаи во Тајланд

Тајланд е ставен на вашата листа на трошоци и кога веќе сте решиле да уживате во Тајланд, тогаш направте го тоа со стил. Ова патување овозможува огромно уживање и макимално искористување на удобноста на старите обичаи во даден момент. Нема посета на никакви знаменитоати, ниту пак некои воодушевувачки глетки, но затоа има опуштање на сите сетила и загарантирано полнење на батериите. Веднаш по пристигнувањето ќе можете да ја искусите автентичната тајландска масажа. Потоа целосно би се посветиле на запознавање на културата, со посета на главниот град на Тајланд и уживање во традиционалната кујна и автентичноста на улиците преполни со невообичаени видови на храна. По сето тоа, време е за посета на северниот дел од оваа земја. Прекрасниот град Чанг Раи со сите ресорти и хотели какви што не сме виделе до сега. И тоа не е се, како за крај предвидена е и посета на Краби, најголемата област во северниот дел на Тајланд, односно пловење со кајак низ националниот парк. Искуство што изобилува со уживање во природните убавини. Обиколени ќе сте со варовнички карпи, огромни скриени пештери, како и пространи песочни плажи и острови обиколени со џунгли. Ова е Тајланд, во сите најлуксузни делови, Тајланд како што не сме го виделе никогаш до сега. Патувањето го организира Селективна Азија (Selective Asia), 11 дена и тоа во било кој период од 2017 година и чини 2834 фунти, во кои се вклучени и авионските трошоци.

3. Бидете активни во Северен Тајланд

Ова патување би му прилегало на луѓето со навистина авантуристички дух, кои сакаат секој момент да им е исполнет. Станува збор за посета на многу интересни места, како на пример Азиската болница за слонови, многу историски паркови и втентични шатори и засолништа кои сведочат за некои големи историски битки. Најавтентичното од се во ова патување е тоа што превозод за враќање кон главниот град е со воз, каде што се преспива една вечер. Внатре во возот имате можност и да го научите или усовршите јазикот кој се зборува во Тајланд, со тоа што можете да купувате и зборувате со продавачите во возот, а исто така и да разговарате со мештаните кои патуваат во истиот воз. Ова патување е организирано од Гецко Адвенчрс (Gecko Adventures), чини 395 фунти за 8 дена, без вклучени авионски трошоци. Ова патување можете да си го дозволите во период од 9 април до 3 септември 2017 година.

4. Откријте ги Тајландските јужни бисери

Јужниот дел на Тајланд, за разлика од сите останати е навистина специфичен по тоа што не само што имате чувство дека се наоѓате, туку вие навистина се наоѓате во срцето на дивината и на недопрената природа. Како што навлегувте во таа необична, но волшебна средина, ќе откривате мали и многу гостопримливи селца кои се автентичен одраз на самата околина. Сето тоа, надополнето со смарагдното езеро и дивите животни во Као Сок паркот. Исто така предвидена е посета на Хуа Хин винаријата и дегустирање на тамошното вино. Сето тоа не би било комплетно, доколку не е проследено со неколкудневна релаксација на крајбрежните плажи и егзотичните заливи. Сето ова го организира Еванеос (Evaneos) и тоа во времетраење од 10 дена за 1380 фунти, во која што цена не се вклучени авионските трошоци. Датумите за поаѓање се дефинираат според договор со патниците.

5. Остварување на сонот во Аутаја

Историскиот град Аутаја, градот под заштита на УНЕСКО, е едно од светските чуда и се наоѓа на грницата со Бурма, а вие имате можност да го посетите. Придружувани од локални, обучени водичи, вие имате можност да ги посетите и искусите сите историски храмови, камбановидни замоци и да им се восхитувате на сите остатоци од златната ера во Тајланд. Дополнително, имате можност да научите нешто повеќе за помодерната историја во тој регион. Да направите една прошетка низ музеите, храмовите и да ги видите познатите мостови. Но тоа не е се, воедно тоа е ретка прилика каде што можете да им оддадете почит на загинатите војници, кои ги изгубиле своите животи додека ја граделе добро-познатата железничка станица. Има доста значајни места за посетување поврзани со Втората светска војна, а има и воен музеј. Ова патување е организирани од Интрепид (Intrepid), трае три дена и чини 352 фунти, додека пак точните датуми за поаѓање се прецизираат според желбите на клиентите.

6. Едно кругче од Банког до Фукет

Да, добро прочитавте, станува збор за велосипедска тура. Попрецизно, овде се работи за осумдневен, тропски, велосипедски одмор. Се вози по должината на брегот, кој сам по себе е спектакуларен, изобилува со варовнички карпи и бели, песочни плажи. Се разбира, нема да биде лесно, но сите заинтересирани се охрабруваат да учествуваат, затоа што ќе биде незаборавно искуство. Станува збор за пат од 100 километри и тоа со лоши временски услови, како што се топлината и влажноста во воздухот. Наградите за овој труд се секако неспоредливи со напорот. Вие добивате глетка со неверојатни пејсажи, чувство на успех и исполнетост, ноќевања во луксузни ресорти секоја вечер. Патувањето е организирано од туристичката агенција Ке адвенчр тревлс (KE Adventure Travels), чини 1695 фунти, со вклучени авионски трошоци. Трае 11 дена и има повеќе понудени дати, почнувајќи од 21 јули до 8 декември 2017 година.

7. Нуркачка авантура во Западен Тајланд

И да сте го виделе Тајланд, тоа сигурно не било од оваа перспектива, од кој што нуди ова воодушевувачко патување. Овој пат го откривате одново Тајланд, ја откривате земјата под морето. Ова примамливо патување нуди нова, волшебна подморска дестинација секој ден. Бродот поаѓа од Фукет секој вторник за време на нуркачката сезона, а патувањето е организирано од Дајв ворлдвајд (Dive Worldwide), трае 16 дена, а цената е 2045 фунти со вклучени авионски трошоци. Ова патување е остварливо од ноември до април.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 06:37