Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите импресии по синоќешното реми со Манчестер сити во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Конечниот резултат е 3:3, а двете екипи се менуваа во водството. Гостите од Англија први поведоа, потоа Реал направи пресврт, па Сити пак водеше со 3:2, за на крај да заврши нерешено.

- Двата тима навистина се бореа до крај. Реми во многу тесна борба. Додека вршевме притисок врз противникот изгледавме многу добро. Колку што можевме, се обидовме да ја искористиме секоја прилика за брзо да тргнеме во напад. Оговоривме многу добро по примените голови и во првото и во второто полувреме. Прашањето за вкупниот победник е отворено. На реваншот ќе биде уште потешко. И двата тима имаат исти шанси да одат понатаму, изјави Анчелоти за шпанските медиуми.

Реваншот ќе се одигра на 17 април, во Манчестер на стадионот „Етихад“



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 08:00