Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денес е во работна посета на Василево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од струмичкиот регион.

Во моментов зелката се откупува за 15 денари што е далеку под производната цена.

Целта на мојата посета е падот на откупната цена на зелката, иако на почетокот стартуваше со 30- ина денари за килограм, денеска откупната цена се движи околу 15 денари, што е далеку под производната цена. - изјави Трипуновски.

Според информациите до коишто дојдовме откупот е некаде на половина, односно останат е неоткупен голем дел од произведената зелка.

Барем во овие последни денови министерот Николовски и Владата во заминување не треба да ги остават македонските земјоделци, да најдат начин, да седнат со откупувачите, да договорат цена којашто е прифатлива за земјоделците. Тоа земјоделците го заслужуваат. - дополни Трипуновски.

Сведоци сме на постојани вакви ситуации изминативе години кога земјоделците своите производи ги продаваат далеку под производната цена.

Апелирам уште веднаш во текот на утрешниот ден МЗШВ и откупувачите да седнат и да направат стратегија како понатаму ќе се движи откупот на зелка. Доколку не се способни, доколку не сакаат, доколку се незаинтересирани барем нека не остават нас да покажеме како навистина се води земјоделска политика. ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и стратегија како во иднина да нема вакви проблеми за македонските земјоделци - заврши Трипуновски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 21:50