Како што се наближува летото, сите почнуваме да размислуваме на одмор и кое место би сакале да го посетиме. Оваа статија е токму за тоа. Најпосетените градови во светот според Форбс.

1. Бангкок – главниот град на Тајланд е моментално најпосетениот град во светот. Се смета дека само од посетителите овој град заработува околу 14 билиони долари.

2. Лондон – главниот град на Англија долго време го држеше првото место на табелата како најпосетениот град во светот. Сепак, тоа не значи дека заостанува во споредба со Бангкок во делот со приходите. Од туристите Лондон заработува околу 16 билиони долари (2 билиони повеќе од Бангкок).

3. Париз – градот на светлината и љубовта. Никој не е изненаден што овој град се наоѓа во најпосетените градови на светот, дури и по „загубата“ на многу интернационални туристи.

4. Југоисточната град држава Сингапур го доби четвртото место на оваа листа. Градот е преполн со фантастична храна, архитектонски чудесии и е лидер во авио индустријата.

5. ЊуЈорк – Центарот на америчката култура и еден од најубавите градови во светот. Секој барем еднаш во животот би сакал да се прошета низ учиците на Менхетен или да се слика со статуата на слободата.

6. Истанбул. Самата местоположба на овој град го прави ослично место за туристите. Овој динамичен град е прекрасно место за сите туристи кои сакаат забава, а истовремено и значајни места полни со историски приказни како што е црквата св. Софија.

7. Дубаи со околу 10 милиони посетители го завзема седмото место. Градот на своите посетители им нуди незаборавни глетки и возбудливи ноќи.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 05:23