Мислите дека го знаете Алберт Ајнштајн, генијот кој ни ја понуди теоријата на релативитет (всушност две теории, една специјална и една генерална теорија на релативитет), но дали знаете дека бил роден со толку голема глава што мајка му помислила дека има деформација? Или пак дека имал дете уште пред да се венча?

Еве неколку непознати факти за светски познатиот гениј:

Ајнштајн бил дебело бебе со голема глава

Кога неговата мајка Pauline Einstein го родила, мислела дека неговата глава е деформирана бидејќи таа била екстремно голема. Задниот дел од главата му бил многу голем, а неговото семејство тоа го сметало за монструозитет. Лекарот успеал да ги смири, и по неколку недели формата на главата се нормализирала. Кога баба му првпат го видела, запишано е дека постојано мрморела "премногу е дебел, премногу е дебел!". Сепак, Алберт пораснал и се развил нормално.

Ајнштајн имал проблеми со говорот додека бил мал

Додека бил дете, Ајнштајн ретко зборувал. А кога зборувал - тоа го правел многу бавно. Осмислувал цели реченици во главата пред да ги каже. Според некои записи, тој го правел ова до деветгодишна возраст. Неговите родители се плашеле дека е ретардиран, но нивниот став немал никаква поткрепа.

Ајнштајн бил инспириран од компас!

На петгодишна возраст, додека бил болен, татко му му покажал нешто што му побудило интерес за науката - компас. Тоа што го заинтригирало Ајнштајн бил фактот што без разлика каде бил насочен компасот, иглата покажувала во иста насока. Помислил дека мора да има некоја сила во она што се претпоставувало дека е празен простор што делувал врз компасот. Овој инцидент, вообичаен во повеќе периоди на детство на познатите, бил често споменуван во различни статии откако станал славен.

Ајнштајн не го положил испитот за прием на факултет

Во 1895, на седумнаесетгодишна возраст, Алберт аплицирал на Eidgenössische Technische Hochschule. Го положил делот по математика и наука на приемниот испит, но паднал по се останато (историја, јазици, географија итн). Морал да оди во училиште за трговија, се додека не го положил испитот на ETH и не бил примен една година подоцна.

Ајнштајн имал вонбрачно дете

Во 1980-тите години, писмата на Ајнштајн открија нова интересна информација за генијот - тој имал вонбрачна ќерка со поранешна колешка студентка Милева Мариќ (со која подоцна се венчал). Во 1902, Милева ја родила Lieserl, која никогаш не се запознала со татко и, и чија судбина и денес е непозната: Милева родила ќерка во домот на нејзините родители во Нови Сад. Ова се случило при крајот на јануари 1902 година, додека Ајнштајн престојувал во Берн. Од писмата може да се заклучи дека породувањето било тешко. Девојчето веројатно било крстено. Нејзиното официјално име не е познато. Во неговите писма се среќава само името Lieserl. Во едно писмо од Ајнштајн до Милева пратено на 19-ти септември 1903, името Lieserl е спомнато за последен пат. Оттогаш никој не знае ништо за неа.

Ајнштајн имал чуден "договор" со сопругата

По венчавката со Милева, Ајнштајн добил два сина: Ханс Алберт и Едвард. Неговиот академски успех и зачестените патувања имале последици - тој се отуѓил од својата сопруга. Двојката се обидела да ги реши своите проблеми, а тој предложил еден чуден договор за заедничкиот живот со Милева:

А) Ќе се погрижиш:

1. алиштата и вешот да бидат уредни и во најдобар ред.

2. да добивам три оброци дневно во мојата соба.

3. мојата спална и работна соба да се секогаш уредни, а посебно работната маса да биде достапна само за моја употреба.

Б) Ќе се откажеш од лична врска со мене доколку истата не е потребна од општествени причини.

Има и уште, како на пример "Ќе престанеш да ми се обраќаш кога ќе го побарам тоа" и слично. И бидејќи Ајнштајн бил гениј, Милева се согласила со сите наведени услови :)

Ајнштајн не се согласувал со неговиот постар син

По разводот, односот со неговиот син Ханс Алберт се заладил. Ханс го обвинувал татко му дека ја напуштил Милева, а откако Ајнштајн ја освоил Нобеловата награда и пари, му пререкувал дека не ја финансирал доволно. Караницата помеѓу таткото и синот се зголемила кога Ајнштајн строго се противел Ханс да се ожени со Frieda Knecht. Подоцна, Ханс Алберт имигрирал во САД каде што станал професор по хидрауличен инженеринг на универзитетот Беркли. Кога Ајнштајн починал, му оставил многу мало наследство на својот син.

Ајнштајн бил "женкар"

Откако се развел со Милева, Ајнштајн набргу се оженил со неговата братучетка, Elsa Lowenthal. Всуштност, тој исто така размислувал да се ожени со нејзината ќерка Ilse. За разлика од Милева, главната преокупација на Elsa била да се грижи за нејзиниот познат маж. Таа несомнено знаела за неговите неверства и безбројните љубовни афери, кои подоцна беа откирени во дел од неговите писма. Во дел од писмата е опишано дека тој ја изневерувал Elsa со неговата секретарка Betty Neumann. Некои од женските имиња спомнати во неговите писма се Estella, Ethel, Toni, и неговата "руска шпионска" љубов Margarita.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 05:23