Почна изградбата на нова пристапна улица во штипската населба Сењак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека изградбата на улицата е на барање на граѓаните од неколку станбени згради кои со децении немале пристап до нивните згради и домови.

-Овде се подготвува за трасирање и бетонирање на пристап до станбените згради, коишто се наоѓаат до улицата „Сремски фронт“ и е по барање на жителите. Затоа што со годините наназад имаа проблеми со внесување на покуќнина и огревно дрво до нивните станбени згради, вели Јорданов.

Тој додаде дека инвестицијата се реализира согласно Програмата за уредување, а од буџетот се издвоени 500.000 денари, околу овие станбени згради ќе биде поставена и урбана опрема.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 23:15