Активисти од Куманово, по повод денешниот Меѓународен ден на домашните миленици-11 април, апелираа за одговорно сопствеништво.
- Најголем дел од кучињата скитници се всушност миленици исфрлени од дома. Станува збор за неоговорни сопственици кои од различни причини веќе не сакаат да се грижат за миленикот. Успеваме заедно со други активисти да ги кастрираме, стерилизраме, да ги лекуваме, вакцинираме и да ги вдомиме. Но, бројката на кучиња скитници е голема во Куманово, што само говори за фактот дека кумановци не се одговорни сопственици, изјави Марина Петковска, самостоен активист.
Таа апелира сите кои сакаат да вдомат да се обратат до активистите.
- Подобро е да се вдоми, отколку да се купува. Љубовта која ја даваат е неизмерна. Оние кои веќе чуваат да бидат одговорни да ги стрерилизираат, кастрираат и да чипираат за да немаме цели легла исфрлени на улица, додаде Петковска.
Деветнаесет лица од Куманово биле каснати од кучиња од почетокот на година до април, соопштија денеска од СВР Куманово. Лани, според пријавите во СВР Куманово имало 80 пријави за каснати граѓани.
- Кучињата не напаѓаат без причина. Може да се служи ако има женка и само ако се во глутница, поагресивни се домашните отколку уличните кучиња, изјави Петковска.
Општина Куманово лани за каснување на кучиња на граѓани исплатила 755.596,00, а од почетокот на годинава, дури 537.177,00 денари.
Активистите предлагаат надлежните институции АХВ и комунаната инспекција да излезат на терен и да ги проверат сопствениците на домашните миленици, дали се чипирани, кастрирани, вакцинирани.