Во тек се градежните зафати за реконструкција на спортско-рекреативниот комплекс во населба Превалец во Велес. Се реконструираат спортските терени и ќе се поставува нова урбана опрема, информираат од Општина Велес.

Тие оценуваат дека активностите се одвиваат согласно предвидената динамика.Додаваат дека по завршувањето на градежните работи и уредувањето на просторот жителите од овој дел на градот ќе добијат убаво, модерно и функционално катче за спорт и рекреација.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 23:18