Границата меѓу големата интелегенција и лудило е многу мала, се согласуваат научниците. Дали навистина врската меѓу нервното растројство, душевното и моралното пореметување од една и "божествената" генијалност е нераскинлива? Можеби навистина оној ден кога повеќе нема да има луди луѓе, цивилизацијата ќе пропадне - не од премногу мудрите луѓе, туку од премногу обичните. "Нема творештво без трагичност и кога природата создава генијален ум, таа му пали факел над главата и го праќа во светот со зборовите – оди и биди несреќен", ќе запише познатиот францускиот филозоф Дидро.
Возвишената состојба на духот, восхитувањето, екстазата и лудилото се она што ги карактеризирало генијалните умови на нашата цивилизација: Достоевски, Шопенхауер, Моцарт, Бонапарта, Буда, Едгар Алан По, Мухамед, Шекспир и уште многу други...
Артур Шопенхауер (1788- 1860) – Генијалец психопат
Шопенхауер е најизразитиот и најтипичен претставник на лудилото на големиот дух. Роден е во Холандија. Неговиот татко кој бил тежок меланхоличар се самоубил, а мајка му, велат хроничарите од тоа време, била настрана и умно болна жена. Еден од неговите браќа пак, бил кретен. Отсекогаш бил меланхоличен, исто како и татко му, и верувале или не, бил голем човекомразец. Поминувал недели без да проговори со некого, зборувал сам со себе, паѓал во бес, си ја горел брадата, за да не ја бричи. Карактеристично за неговиот карактер било и мегаломанството, фобиите од гонење и од пожари. Неговиот бизарен доктринизам, пречуствителноста која граничeла со параноја, потоа настраноста и епилепсијата се карактеристики кои до некоја мера го направиле гениј на своето време - еден од најпознатите филозофи во светската историја.
Фјодор Михајлович Достоевски (1821-1881) - Генијалец епилептичар
Достоевски е роден во Петроград. Неговите родители боледувале од разни облици на невропатија и психопатија. Татко му бил страшен тиранин и алкохоличар. Мајка му била жена со слаби нерви, тивка, плашлива и починала од туберколоза кога Достоевски имал 15 години. Сестра му Варвара ја убиле нивните роднини зошто била многу злобна, а најзиниот син (внук на големиот Достоевски) бил идиот. Кај Достоевски, уште од неговото рано детство, почнале да му се јавуваат халуцинации и епилептични напади. Подоцна, овие епилептични напади зачестиле. Паѓал целиот во грч, со пена на устата, и потоа како и сите епилептичари не се сеќавал на ништо. Некои од неговите проучувачи велат дека тој своите најдобри дела ги пишувал токму во вакви состојби на халуцинации. За својата болест тој напишал: "сите вие здрави луѓе незнаете каквa среќа чуствуваме ние епилептичарите пред секој напад. Неколку минути пред нападот јас го гледам рајот, чувствувам таква среќа што не е можно да се доживее во нормална состојба. Незнам дали тоа блажество трае неколку секунди, неколку часа или неколку недели, но верувајте ми тоа не би го дал ни за сите радости и убавини на овој свет, a за тоа блажество би дал десет години па и целиот свој живот". Починал на 60 годишна возраст со "искинати" нерви и со исцрпен организам, оставајќи ги зад себе најгенијалните дела на прозната уметност.
Вирџинија Вулф (1882- 1941) - Сексуално настраната генијалка
Вирџинија Вулф потекнува од големо семејство - имала седум браќа и сестри. Нејзините родители боледувале од невропатски комплекси и починале многу млади, а едната од сестрите на Вирџинија исто така била психички растроена. Уште на шестгодишна возраст била сексуално злоупотребувана од својот брат Џералд, а во пубертетот и од полубратот Џорџ. Тоа, велат хроничарите, било причината таа да си го замрази своето тело и да застрани во својата сексуалност. Била фригидна жена, имала интимни односи со својот зет, и хомосексуални односи со својата пријателка, а пред бракот таа имала и сексуални односи со нејзината сестра. Вирџинија се повеќе се затварала во кругот на родосквернување. Нервните сломови, нападите на лудило, и повремените обиди за самоубиство, се последица и на нејзината преоптовареност во пишувањето, како и од стравот од критиката. Таа самата има кажано дека своите романи ги пишувала во состојба на занес и лудило. На педесет и деветгодишна возраст се самоубива исто како и нејзината хероина Рахелина од романот "Излет на брегот". Така, оваа генијалка го нашла, конечно, својот душевен мир во "мрачната" убавина на смртта.
Наполеон Бонапарта (1769-1821) - Генијалец шизофреничар
Наполеон е најнеобичен претставник на "генијалното лудило". Природата го наградила со многу дарови, но и со недостатоци, меѓу кои и оние длабоко во психата. Некои го сметале за божество, а други за луд, демон, чудовиште. Татко му бил алкохоличар и интригант, а мајка му имала претерано "тенки" нерви. Неговите сестри биле аморални и настрани. Една од неговите сестри, Паулина, имала сексуална врска со својот императорски брат Наполеон. Бонапарта уште од раната младост почнал да си ја покажува својата невротичност. Добивал напади проследени со плачење, грчеви и повраќање. Епилептичните и шизофреничните напади биле составен дел од неговиот живот и ги доживувал главно ноќе. Иако бил голем верник, тој верувал и дека Господ е само негов. Но, посетувал и гатачки, бајачки и циганки. Умрел на педесет и две годинишна возраст целосно уништен од епилепсијата и шизофренијата, останувајќи голема загатка за научниците и историчарите.
Винсент Ван Гог (1853 -1890) – Генијалец невротичен фанатик
Ван Гог е една од најмаркантните фигури во холандската и воопшто светската ликовна уметност. Иако творел само десетина години од својот живот, зад себе оставил дела кои ќе живеат вечно. За жал или за среќа и тој бил жртва на "генијалното лудило". За време на детство Винсент се интересирал за литературата, религијата и мистиката. Имал "идеја" дека е преодреден да биде мисионер и тие чувства го притискале во младоста. Подоцна ќе стане проповедник во некое рударско село во Холандија. Почнал да слика во дваесет и седмата година од својот живот, откако посетувајќи ја изложбата на својот брат Ото, бил фасциниран од премногу јаките бои на платната. Неговите психички "расположенија" се гледаат во сите негови дела. Посебно се изразени во делата "Житно Поле" и "Чемпреси". Често добивал несвестици, напади на депресија и секогаш покажувал незадоволство кон општеството. Во една таква состојба на душевно растројство тој си го исекол увото. Неговата налудничавост можеби на почетокот била извор на инспирацијата во создавањето на делата, но подоцна почнала да му го отежнува сликањето. Откако ја изгубил и последната надеж да оздрави, во времето кога го правел "Портретот" , своето последно дело, неможејќи да го издржи внатрешниот притисок се самоубил.
Волфганг Амадеус Моцарт (1756-1791) - Генијалец невротичен визионер
Што пак да се каже за австриецот Моцарт! Како дете имал слаба телесна градба, но огромен, генијален, талент за музиката. Бил "вондеркинд" на своето време. Почнал да свири на клавир на тригодишна возраст, компонирал на пет, а на шест години ја имал својата прва музичка турнеја. И покрај тоа што често добивал нервни напади и несвестици, во текот на својот краток живот од триесет и пет години напишал дури 179 оргинални композиции. Неговите нерви станувале се пораздразливи, така што на крајот не можел да ги поднесува звуците на инструментите, велејќи дека тие звуци му ги предизвикувале честите несвестици. Последните години од својот краток живот тој болувал од манија на гонење и чести халуцинации. Најчесто го притискала необична визија - чувствувал дека некој го тера да го компонира сопствениот реквием. Тој за оваа своја визија напишал: "го гледам постојано околу мене, тој ме тера да компонирам и против мојата волја, ако не го послушам, и се одмарам, тогаш одморот ми е повеќе заморен од работата."
Вилијам Шекспир (1564-1616) - Генијалец со невротични халуцинации
Шекспир се вбројува во еден од најголемите драматурзи во светската литература. За жал, за него има многу малку автобиографски податоци. Познато е дека во младоста бил многу "разуздан", неработник, склон кон скитање и пороци. Не завршил никакво образование, ниту пак, знаел некој занает. Бил многу сиромашен и живеел од позајмици, се додека не почнал да ги пишува своите драмски дела кои го направиле богат и славен. На почетокот тој бил многу ведар што се гледало во неговите дела, но потоа почнал психички да застранува и во своите дела почнал да опишува разни нијанси на психички пореметени карактери и изопачени мании т.е. го опишувал она што станувало дел од неговиот карактер. Бил меалнхоличен, со постојани мисли за самоубиство зашто чувствувал одбојност кон животот. Притиснат од ваква тешка меланхолија и црн песимизам, телесно истрошен, Шекспир се повлекол во своето родно место, Лондон, каде што умрел од туберколоза на педесет и две години.