За големиот број луѓе кои страдаат од различни фобии, науката нуди нови лекови и нова надеж Не е лесно да се движиш низ светот кога се плашиш од удар на струја. Дона (45) е писателка и таа го знае ова најдобро од сите. Кога ќе се доближи до некаков апарат на струја, прекинувач за светилка или пак кога има олуја со грмотевици, неа ја обзема таков ужасен страв што не помислува на ништо друго освен да бега. Но, не е секогаш возможно да се бега, така што Дона со текот на времето најде извесни решенија за проблемот. Кога ќе ја отвори вратата од фрижидерот, на нозете задолжително носи папучи со гумен ѓон. Ако пукне светилка, таа седи во темница додека не дојде некој да ја смени. Облека купува само кога е неопходно, бидејќи електрицитетот од облеката може да ја натера да избега од продавницата. А пливањето навечер не доаѓа во предвид бидејќи се плаши светилките под водата дека можат убијат со струја. Кога надвор има грмотевици, таа дома исклучува с&ицирц; живо од струја и седи во темница додека не помине опасноста.

Постои еден збој што ја опишува оваа состојба на Дона и се вика електрофобија, односно силен страв од струја. Оваа фобија на списокот на фобии се наоѓа веднаш под еисоптрофобија (страв од огледала) и не е далеку над енетофобија, еософобија и ереутрофобија (страв од игли, денска светлина и црвенеење). А ова се само мал број од фобиите.

За секоја фобија што човечкиот ум може да ја смисли има и соодветен израз што ја опишува. Постои нефофобија или страв од облаци, коулрофобија или страв од кловнови. Постои катисофобија - страв од седење, и кифофобија - страв од застанување. Постои кантофобија, леукофобија и кромофобија - страв од жоло, од бело и бои воопшто. Има и алекторофобија и апифобија, страв од кокошки и пчели. А најдолу на списокот има лутрафобија или страв од видри. Списокот на фобии секојдневно се проширува, а сега секако се собрани на Интернет на сајтот пробиалист.цом каде што под азбучен ред се внесени 500 најразлични фобии. Некои од овие фобии повеќе имаат врска со неврологија отколку со психологија. (една работа е да се измисли збор како арачибутирофобија, а друга работа е да се најде човек кој навистина се плаши од путер од кикиритки што се лепи за непцето во устата). Други фобии, како акрофобија (страв од височини), клаустрофобија (страв од затворен простор) и агорафобија (паничен страв од с&ицирц; што се наоѓа надвор од дома) - се многу сериозен проблем. Штом фобиите може да се најдат на Интернет, значи има и луѓе кои страдаат барем од некоја од нив. (според некои проценки во САД има 50 милиони фобичари). Има такви како Дона, има такви и како еден средношколец од Бостон кој толку се плаши од крв што се згрозува и од самата фраза "крв да ти се стори". А има и такви како Џин (38) од Њу Џерси која толку се плаши од балони што ако влезе во соба каде што има роденска забава се препотува од страв.

За поголемиот број луѓе спасот од фобиите го наоѓаат како знаат и умеат: оној кој се плаши од летови пред патување со авион зема превентивен коктел, клаустрофобичарот наместо да се вози со лифт се качува пеш по скали. Но овие тактики не се вистинското решение. За среќа, се спроведуваат начини за лекување на фобиите со долготраен ефект. Во време кога се поголем број емотивни пореметувања паѓаат пред моќта на науката, фобиите се меѓу оние пореметувања кои најбрзо паѓаат.

Научниците остваруваат голем напредок во утврдувањето на природата на фобиите, какви неврохемиски бури предизвикуваат во мозокот и за каква еволутивна цел постои во нас потенцијалот за вакви психички луњи. Со утврдувањето на овие работи, дојде и серија лекови: програми на виртуелна реалност што можат безбедно да го симулираат она од што фобичарот се плаши; нови лекови што можат да ја угаснат фобичната искра пред таа да се запали. Минатата година, Администрацијата за храна и лекови на САД го одобри првиот лек - антидепресантот паксил кој се користи за лекување на социјални фобии. "Ништо не може да се спореди со полето на менталното здравје", вели психологот Дејвид Х. Барлоу, директор на Центарот за растревоженост и слични пореметувања при универзитетот во Бостон. "Изминатите неколку години, се случи комплетен пресврт во лекувањето на фобичните пореметувања", вели тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 05:28