Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, оствари средба со граѓани во Општина Гевгелија.
Тој со нив разговараше за низа актуелни теми, ги слушна нивните проблеми и очекувањата од претстојните избори. Во однос на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски рече дека токму тој се претставува како чесен човек, а всушност е извор на корупција во државава.
„Пендаровкси е човек кој обожува за себе да вели дека е чесен и некорупмпиран, но исиот овој кој глуми дека е чесен и некорупмпиран, а добри месец дена одбегнува да одговори на прашањата кој еве сега од говорница ќе му ги поставам:
Каков чесен човек е Стево Пендаровски кој потпишува закони со кои се амнестираат криминалците во Македoнија, денеска потврдено и од Фридом хаус.. Каов чесен човек e Пендаровски кој нема збор кажано за шверцот за граничиот премин тука со највисоките структури на СДСМ и ДУИ, каков чесен човек е тој, а кампањата му е финансирана од крадени пари. Пендаровски е далеку од чесен човек, тој е извор на корупцијата во Македонија.