Со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе биде одржан ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од НОБ, во рамките на 47. Издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, информираат оттаму.

Како што се појаснува во соопштението на НОБ, на концертот, публиката ќе може да проследи дела од композиторите на кои им се одбележуваат јубилејните години од раѓањето - Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски

- Како солисти на концертот ќе настапат Весна Ѓиновска Илкова, сопран, Наде Талевска, сопран, Гонца Богоромова, сопран и Горан Начевски, баритон, во придружба на оркестарот, а под диригентска палка на Иван Еминовиќ, се додава во соопштението.

Влезот за концертот е слободен.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 17:32