Полициски службеници од Полициското одделение Новаци вчера во 16:30 часот, ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола, соопштија денеска од МВР.

Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудникот „Суводол“, систем Брод - Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети.

- Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 23:07