Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Израел ќе ја плати цената за угнетувањето во Појасот Газа, јави Анадолија.
Шефот на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство Фахретин Алтун соопшти дека Ердоган имал телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
„Ердоган за време на тој разговор рече дека Израел ќе ја плати цената на угнетувањето. Мора да се мобилизираат сите средства за прекин на огнот во Газа, вклучително и спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации“, рече Алтун.
Повеќе од 33.600 Палестинци се убиени во Газа во нападите што Израел ги спроведува континуирано од 7 октомври минатата година, кога командоси на Хамас упаднаа во Израел и во масакри и ракетни напади убија над 1.000 луѓе и киднапираа околу 200 лица