Синдромот на Петар Пан се повеќе е присутен кај мажите во денешното општество.
Многу девојки и жени магично се привлечени од страна на човек - кој е див и немилосрден.
Многумина веруваат дека кога ќе се појави вистинската девојка за него или пак кога се ожени и има дете, тој ќе биде друга личност, подготвена да ја преземе одговорноста за врската или семејството.
Петар Пан е човек кој одбива да порасне и не е во состојба емоционално да се врзува. Одбива одговорност во врска или брак, детинест лик и вечно момче кое штом ќе почувствува дека е потребен некому, веднаш бега без оглед на се.
Таквиот маж очекува жената да стори скоро сè за него, исто како и неговата мајка, додека тој безгрижно си игра игрици во собата на своите родители на 35-годишна возраст.
Овој маж и покрај овие недостатоци, то е многу шармантен, духовит и забавен, спонтан и комуникативен и многу лесно го привлекува спротивниот пол. Секоја жена верува дека таа ќе биде вистинската што успее да го промени, но дали е тоа навистина можно?
Психолозите пак објаснуваат зошто има сè повеќе мажи со синдромот на Петар Пан и дали е возможно тоа да се смени:
“-Ние генерално го одложуваме растењето, и кај мажите и кај жените. На ова влијае долгиот престој во родителскиот дом, како и тоа многумина што не се изложени на дополнителни работни места и одговорности, велат тие.
Партнерот со синдром на Петар Пан, не може да се менува најчесто, и ние го избираме партнерот таков каков што е. Секоја илузија дека ќе смениме некого паѓа во вода затоа што можеме многу да се промениме себеси, но другите многу тешко додаваат психолозите.
Многу жени живеат со илузија дека овој тип на маж конечно ќе порасне и ќе се свести кога ќе стане татко или кога ќе ја најде вистинска љубов. За жал повеќето од нив никогаш не можат да променат ништо во животот.
“- Дали таквиот човек може да се промени е индивидуално и честопати е прашање на неговата волја и желба. Во меѓувреме, може нешто да се случи и да го охрабри да се промени и да преземе одговорност, како што е раѓање на дете. Но некои дури и овие околности во животот не можат да ги принудат на промени.”
Верувале или не, има и такви жени жени кои што ги сакаат мажите токму такви какви што се, но прашање е дали нивната врска може да има иднина.
“-Жените кои се привлечени од овој тип на мажи, се жени кои сакаат да поправат и сменат некого, тие мислат дека ќе се променат и оние кои се грижат за другите. Меѓутоа, со текот на времето, она што нè привлекувало кон некој подоцна, почнува да ни смета. Така е во сите односи, не само во оваа ситуација”, заклучуваат психолозите.