Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по чинот на осветување на новоизградениот храм посветен на светите 40 Севастиски маченици-Младенци, којшто беше изграден во спомен на петтемина свирепо убиени во 2012 год. кај Смилковци, му додели одличие „Архиепископ Доситеј” на градоначалникот Дарко Костовски.

Архиепископот г.г. Стефан истакна дека одличието му се доделува на градоначалникот за неговиот особен придонес при изградбата и украсувањето на храмот „Свети 40 Севастиски маченици” во Смилковци-Скопско



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2024 18:50