Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска заедно со дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управувње со кризи и градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски се приклучија кон превентивно-едукативните кампањи кои ги спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари“, „Незаконско сечење на дрва и криминал“ и „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, информираат денеска од МВР.

Оваа активност била спроведена на подрачјето на Општина Сопиште, односно на излетничко место Козјак. Основна цел на активноста е зголемување на безбедносната култура кај жителите во општината и посетителите на ова излетничко место, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

-Имено, за време на активноста беше потенцирано зачестеното палење на шумите при правење на скара, и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание, се вели во денешното соопштение од МВР.

Притоа, по случаен избор на присутните посетители им бил делен и едукативен материјал односно летоци, на кои билеиспишани едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2024 21:10