На територија на СВР Битола денеска од 14:00 до 19:00 часот изречени се вкупно 90 мерки за возење повеќе од дозволената брзина.

Како што информира МВР, од нив 60 мерки се надвор од населено место и 30 мерки во населено место (16 во Битола, 35 во Прилеп, 21 во Ресен,12 Македонски Брод, четири во Демир Хисар и две Крушево).

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2024 04:25