Згрозен сум од однесувањето на Пендаровски Стево кој не пропушта можност да ја навреди неговата противкандидатката професорката Гордана Силјановска Давкова.

Кај тој, па сега почнаа да ги охрабрува и нивните партиски послушници од СДС на митинзите. Пендаровски абе до пред малку се претставуваше како државник, и сега пак се демантираш самиот себе. Ах бре Стево, од бесрамник како тебе, државник не бидува.

Уште по згрозен сум што портпаролката на СДС Богданка Кузеска стои и се потсмева.

Овој примитивизам, ова недолично однесување е резултат на немање култура и нервоза од поразот. Овие од СДС тотално забегале.

Во СДС се натпреваруваат кој по голема навреда ќе каже. Но, ние од ВМРО-ДПМНЕ се натпреваруваме кој подобар проект ќе предложи и реализира за доброто на граѓаните, и затоа ќе ве поразиме. Вие навредувајте колку сакате, ние заедно со народот на 24 април и 8 мај ќе ве победиме!



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2024 05:05