Поранешниот тренер на Рома, Жозе Мурињо би можел да води еден од клубовите од Премиер лигата.

Според „TEAMtalk“ Вест Хем е заинтересиран за услугите на 61-годишниот стручњак, сметајќи го Португалецот како можна замена за Дејвид Мојс, чиј договор истекува на крајот од сезоната 2023/24.

Мурињо претходно во кариерата тренираше тимови како Челзи, Манчестер јунајтед и Тотенхем во Премиер лигата. Тој стана трикратен шампион на Англија. Беше отпуштен од Рома во јануари оваа година.

Вест Хем моментално се наоѓа на осмото место во табелата во Премиер лигата со 48 бодови од 33 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2024 21:33