Во СВР Штип синоќа во 23.57 часот Ш.Н. од скопско Батинци, пријавил дека му се јавил неговиот син З.Н.. кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип и му рекол дека има информации дека во текот на ноќта ќе биде нападнат. Исто така, околу 00.00 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи затвореници и дека имаат сознанија дека кон затворот во Штип патуваат повеќе лица за да и помогнат на едната група.

- По преземени мерки, полициски службеници од СВР Штип пред затворот затекнале 30 лица со 10 возила и при преглед на лицата и возилата, во едно возило биле пронајдени и одземени дрвен и остар предмет. За време физичката пресметка во установата, со повреди се здобил еден вработен и бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија денеска од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2024 22:03