ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 198 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 08.04. до 14.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 104 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 94 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2024 22:07