Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, од Движењето ЗНАМ – ЗА наша Македонија вечерва гостуваше на телевизија Алсат Запрашан кој му е впечатокот од досегашните средби со граѓаните и дали мсили дека ќе влезе во втоирот круг, Димитреивски рече дека впечатокот е одличен.
„Има многу позитивен пристап и од моја страна, а и од страна на граѓаните сум примен многу позитивно“, рече тој и додаде дека во презентирањето со платената политичка програма не се еднакви со фаворизираните кандидати. Нивната присутност е огромна, а помалите политички партии се невидливи. Тојпотенцира дека секако очекува пласман во вториот круг и победа на претседателските избори.
Во однос на тоа кој ќе му биде противкандидат во вториот кург Димитриевски одговори: Па мене ми е подеднакво исто. Дали тоа ќе биде господинот Пендаровски или госпоѓата Сиановска Давковска воопшто не е битно. Мојата цел е јасна, имам конкретна програма со пет начела и пет приоритети со конкретни рокови за коишто ќе се држам како претседател, а својата енергија првенствено ќе ја црпам од граѓаните. На Македонија и е потребен претседател којшто ќе го изгради својот авторитет на легитимни избори и едноставно ќе ги движи нештата. Ќе ја врати довербата на граѓаните во државата, првенствено во институцијата претседател, а потоа и во останатите институции на системот, бидејќи ние имаме се во моментов, но за жал немаме изграден систем и мора да работиме активно да го промениме тоа. Да с еизбориме против корупцијата и криминалот којшто е во пораст согласно сите анализи коишто ги прават и од надвор и од внатре. Македонија мора да стане држава во суштинска смисла на зборот и да наликува на држава, а не како што во моментов се однесуваат актуелните власти предводени од СДСМ и вечниот партнер во власта, ДУИ, коишто си ја прилагодија состојбата така како што ним им одговара. За нив има се за граѓаните нема ништо“.
На прашањтодали очекува да добие гласови и од Албанците, како на локланите избори во Куманово, Димиттреивски рече: „Јас практикувам власт во специфична општина. Мултикултурата за мене е многу битен сегмент во управувањето на општината и отсекогаш сум ги почитувал сите подеднакво, без разлика што јас сум Македонец и како таков сум паттриот. Јас сум градоначалник на сите. Така ме научи мојот град и така ќе се владеам и од позицијата на претседател на државата. Да сум добивал гласови од сите и ќе продолжжам да се залагам за сите граѓани. Но, за жал мора да признаам тука и јавно дека ние во Македонија во моментов не градиме суштински мултиетничко општество. Ние имаме прилагодено општество коешто е мултуетничко само за владеачката елита, додека реално нам децата ни се разделени уште во забавиште и во прво одделение. И како ќе го интегрираме системот на таков наччин. Нашите деца денеска зборуваат на англиски јазик. Македонија мора да изгради особено посебна стратегија како тоа ќе гради мултиетничко општество. Во спротиво ние се разделуваме, а не се зближуваме.
Запрашан зошто му пречи во уставот наместо 20проценти да стои албанскиот јазик, Димитреивски одговори:
„Затоа што Македонија е унитарна држава и официјалниот службен јазик е македонскиот јазик, а покрај македонскиот јазик вториот службен јазик согласно оваа одредба од 20 проценти имаме и закон за употреба на албанскиот јазик, а можеби во иднина ќе имаме и други коишто ќе имаат 20 проценти и некој друг јазик ќе стане службен јазик. Но формулацијата е јасна во Ммакедонија првиот службен јазик е македонскиот јазик. Од друга страна ние тоа го надминавме многу лесно на локално ниво. Донесовме одлука на Советот каде што дадовме право на користење и на јазиците на остантите етнички заедници. И сега се користат покрај македонскиот и албанскиот дополнително и српскиот и ромскиот јазик Мислам дека на овој начин првично се крши, сериозно се урива Рамковниот договор, којшто според мене во најголем дел или во целост е реализиран. Според мене свесно се сервира пред изборите од страна на моноетничките политички субјекти како одредена стратегија како тоа Македонија да се трансформира од прост тип на уредување во сложен тип на уредување за којшто се почесто слушаме. Таквите процеси Македонија ја враќаат назад. Во Македонија сите имааат еднакви права и можности согласно Уставот и нашиот устав е одличен по тоа прашање.Сметам дека ова отварање на уставот особено под притисок, под уцена за мене е неприфатливо иако јас сум демократ по убедување“
На прашњето зошто е против и изборот на Претседател на државата да се прави во Собранието, Димитреивски рече дека ако се направи една таква промена нам тогаш не ни треба претседател на држава. Тој потенцира дека Претседателот ја црпи својата сила како институција наведена во Уставот, токму од непосредниот избор.
„Граѓаните со својот избор треба да му го изградат дополнително авторитетот на Претседателот за да може секогаш да биде човек кој ќе се грижи директно за граѓаните, ќе упатува прашања, ќе бара одговори, ќе дава иницијативи директно во име на граѓаните. Едноставно на Македонија и треба претседател кој ќе дојде од граѓаните и ќе биде со нив“, рече Димитреивски
ЗАпрашан дали би гласал за кандидат Албанец, тој рече дека за него не е битно кој тоа е наодредена позиција во државата.
„Мене могу ми е побитно дали тој човек е лојален кон државата, дали ги почитува нејзините симбли, одбележја и сите нејзини граѓани или се однесува какошто во самиот почеток се однесуваше г-н Талат Џафери. Јас гласав еднаш за него во парламентот. Воопшто не беше проблем за мене. Но не гласав за господинот Џафери за да се однесува така какошто се однесува денеска.Триумфализмот кој го покажа во континуитет, особено со последниот избор за технички премиер. Јас не го видов него до македонско знаме на ниту една јавна средба. Го пречекуваа, се вееја абански знамиња, во ниту еден момент немаше македонско знаме. И тоа нам Македонците ни ги повредува чувствата. Оваа држава имала Албанци на високи позиции и претседател на собрание. Куманово имало градоначалик Албанец, Бајрам Сулејмани, до 89-та година. Но бил лојален кон државата и никогаш не ја повредил, ниту го вработил своето дете, или се борел да го вработи во одредена државна институција, обвинителство, на пример. Тоа се принципите по кои ние мора да се водиме во оваа држава“.
Запрашан за внесувањето на Бугарите во уставот со одложена примена, Димитреивски рече дека е тоа многу конструктивен предлог кој може да биде прифатен, но првеснтвено треба да се посветиме на праговарачката рамка, која не е незовможно да се промени.
На прашњето како гледа на евентуалното зголемено руско влијание, Димитреивски рече дека на Балканот разни држави сакаат да имаат свое ввлијание.
„Нашата цел е јасна. Евроатланските интеграции се нашиот пат. Тука имаме консензус на државно ниво и треба да продолжиме на тој курс. Ние сме членка на НАТО, треба да станеме и членка на Европската унија. Треба да им кажеме на сите дека Македонија сака да биде држава којашто е држава на македнскиот народ и држава на сите етнички заедници кои живеат овде. Да бидеме свои на своето со повисоко ниво, на самоодржливост на државата. Ако дома сите работи се како треба, нема опасност некој да ви наметне нешто или да има дополнително влијание. Најбитен фактор е Македонија да гради добрососедски односи и да го шири тоа пријателство на меѓународен план. Јас лично сметам дека овој цел регион ќе се интегрира во Европската унија заедно“, рече Димитреивски во интербјуто за телевизијата Алсат.
Ние сме парламентРепубликаблика. Моќта кај нас ја има парламентот. За жал ние гледаме и сведоци сме какоконтинуирано 20 години во македонијакако извршната властсокамшикмава по законодавната власт. Ккоја е само обиченгласач, додека извршнатавласт, владата се тие главните коишто ги поставуваат работите и нешво државата.Тоа не треба да е така.
Диитреивски додаде дека нам ни е потребен претседател којшто покрај него првенствено ќе се охрабрат граѓаните да направат едни суштински промени,каде што е го обојат овој црносив сввет во некои други бои.Бидејќи ние гледаме како 30 години на власт се менуваатдве истиполитички партии од македонскиот блок од мултиетничкиот блок иодмоноетничкиот албански блок тоа се дуи и остантите партнери. Додека едните се борат за власт другите си ја менуваат позицијата. Заминуваат лоши, доаѓаат уте полоши, па по 4 години ќе се вратат оние лошите и ќе станат уште полоши од тие кои ги замениле, а за граѓените е се полошо и полошо.Бројките тоа го потврдуваат. Млассите луѓе си заминуваат,државата се опустошува.