После 6 и половина години порази, омаловажувања и срам кои ги трпеа граѓаните во Македонија поради власта на ДУИ и СДС, редно е да ја ослободиме Македонија од овие пранги и да ја направиме и горда и твоја заедно со народот. Да ја вратиме Македонија повторно на народот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Валандово.
Мицкоски истакна дека денеска постојат граѓани од прв ред и тоа се тие кои орбитритраат околу раководството на ДУИ и нивните измеќари од СДС и тие ги уживаат сите привилегии, за нив не важат закони, местат тендери, го ограбуваат народот, никому сметка не полагаат за тоа што го прават изминативе 6 и половина година и сите ние останатите сме граѓани од втор ред.
Затоа се создава чувство кај младите, кај граѓаните дека не е само економската причина зошто се напушта Македонија, туку и дека нема правда, бидејќи неправда има насекаде. Несигурност, немање перспектива бидејќи има граѓани од прв ред за кои ништо не важи и сите останати сме од втор ред, додаде Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека во минатото СДС продаваа лага за живот и дека ќе донесат едно општество за сите, а сега состојбата е што Фридом хаус, реномирана институција вели дека споредено со состојбата пред 6 и половина 7 години уназадуваме и според ниво на корупција и според ниво на демократија.
- Што значи дека слободата е помала, а грабежот на народот не е помал, а парите завршија кај неколкумина во нивните џебови. Тие така го замислуваат животот и општеството за сите. Редеа чевли пред влада и викаа дека се ќе сторат да ги вратат младите кои се иселија, но никој не дојде по своите чевли, но затоа 10 пати повеќе се иселија. Ниту ги вратија младите, и денеска имаме цикличен хибриден режим, изјави Мицкоски.
Мицкоски посочи дека СДС велеа ќе донесат европско здравство, во лажната кампања за референдумот, а во првите 5 држави во светот сме според смртноста за време на пандемијата.
- Тој кој беше најодговорен за здравствениот систем, министерот денеска редејќи сите тие неуспеси, необезбедувајќи основни услови одлучува повторно да се врати во политика и ја злоупотребува професијата лекар и народот, рече Мицкоски.
Мицкоски говорејќи за Стево Пендаровски истакна дека 5 години никаде го немаше, ниту со земјоделците, ниту со пензионерите, ниту со младите, но затоа ќе го слушнете како ја навредува професорката Силјановска Давкова или како ако не е претседател ќе се исели и како ќе каже дека Гоце Делчев е Бугарин.
- Тоа е Стево Пендаровски, човекот кој 5 години не даде став, 5 години анализираше и ќе го слушнете на митинзи како вели не правел криминал и го осудувал криминалот. Дали сте го слушнале Пендаровски изминативе 5 години да ги спомене Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и дали за него се чесни политичари? Бидејќи нема никаков глас да ја каже нешто за нив кои ја практикуваат политиката по принципот „како до сега“.
Мицкоски посочи дека од една страна е Стево Пендаровски кој на граѓаните им вика дека не сака очи да им види ако не го гласаат, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова, жена борец, сопруга, мајка која во парламентот покажа како треба да се брани македонскиот идентитет.
Секогаш е во врвот во првите тројца дискутанти во Собранието цени 4 години и не само во Парламентот, туку и како професор и експерт таа беше дел од Совет на Европа и Венецијанска комисија и реномирани институции каде и ден денес ја цитираат колеги во нивните научни трудови. А како професор студентите во неколку наврати ја бираа како најинспиративен професор. Затоа ве повикувам на масовна излезеност на 24 април, а потоа и на 8 мај, да ја направиме Македонија горда повторно и твоја, достоинствена.