Поранешната лидерка на Мјанмара, 78-годишната Аунг Сан Су Чи од затвор е префрлена на друга локација.

Локалните медиуми, цитирајќи го портпаролот на воената хунта Зав Мин Тун, објавија дека причината за овој потег е загриженоста за нејзиното здравје со оглед на високите температури во главниот град Непјидо, каде што се наоѓала Су Чи.

Не е сигурно дали е одведена во друг затвор или е префрлена во домашен притвор. Хунтата не ги информирала адвокатите на Су Чи за планот или за нејзината нова локација, изјави за ДПА извор близок до затворските власти.


Поранешната лидерка на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи од затвор е префрлена на друга локација

Покрај Су Чи, поранешниот претседател Вин Минт, кој беше одведен во затвор на околу 100 километри јужно од главниот град, исто така беше преместен. Денеска беа ослободени и повеќе од 3.000 затвореници по повод новогодишниот фестивал на водата локално познат како Тингјан, објави воената хунта.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2024 00:39