Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласила дека Блискиот Исток „не смее да западне во ситуација чиј исход е целосно непредвидлив“.

„Тоа не би помогнало никому, ниту на безбедноста на Израел, ниту на десетиците заложници кои се уште се во рацете на Хамас, ниту на многуте луѓе во Иран кои страдаат под тој режим, ниту на другите земји во регионот кои едноставно сакаат да живеат во мир. Сега сите мора да дејствуваат претпазливо и одговорно“, додаде Бербок пред заминувањето од Израел.

Таа беше во седма посета на Израел во рамки на напорите да помогне во деескалација на тензиите откако Хамас ја нападна таа земја на 7 октомври минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2024 00:54