Ветуваа соживот, ветуваа повисок животен стандард, а донесоа сиромаштија, беда, хаос и мрак. Ветуваа едно општество за сите, а за жал после 7 години, никогаш не сме биле по поделени како општество. Едноставно, Македонија ни е одземена. Никогаш не било полошо, рече носителот на листата за пратеници на третата изборна единица, Драган Ковачки на митингот во Чашка.

Ковачки истакна дека досегашното делување покажува дека на оваа влада на ДУИ и слугите од СДС, поважни им се тендерите и криминалот, за разлика од тоа како живеат граѓаните и кои се нивните проблеми и ова мора да се промени, затоа овие избори се шансата за промена.

Посочи дека на Социјалдемократскиот сојуз единствено важно им е слугувањето на Али Ахмети, и криминалните бизнис зделки, единствено важно им е удобството кое го уживаат од функциите и милионите кои ги крадат од државата, затоа денеска не само што младите си заминуваат, туку си одат и цели семејства, бидејќи гледаат дека се е корумпирано и не сметаат дека може овде да си ја градат сопствената иднина.

„Затоа времето за казна доаѓа. Најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај, имаме шанса и обврска да ги казниме и поразиме. За се што ветија, а излажаа. За се што уништија. За сите навреди и понижувања на македонскиот народ, за сите предавства и лаги. Време е да се обединиме и да им покажеме дека го креваме гласот. Бараме промени и одлучни сме како никогаш до сега“, рече Ковачки.

Пред присутните граѓани, Ковачки истакна дека со изборот на професорката Гордана Силјановска Давкова за претседател и со заокружување на број 2 на гласачките ливчиња, ќе си ја вратиме Македонија назад кај граѓаните.

„Со избор на професорката Гордана Силјановска Давкова и со заокружување на број 2 ќе си ја вратиме Македонија назад кон граѓаните. И ќе работиме напорно и чесно, на реформи и проекти кои ќе ја трансформираат Македонија напред. Ќе се избориме заедно, храбро, достоинствено, затоа што овој народ ако нешто знае тоа е да биде вреден, силен и достоинствен“, истакна Ковачки.

На крај, Ковачки ги повика присутните и сите граѓани да разговараат со секој еден познаник, да ја побараат нивната поддршка да гласа за број 2, затоа што овие избори се историска одлука и шанса за сите нас



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2024 06:30